Околу еден километар нов асфалт веќе има поголемиот дел од фреквентната улица “Тризла”. Сообраќајницата доживеа рехабилитација по триесетина години послана со гранитни коцки, често со големи дупки. Целата инфраструктура веќе е ставена под земјата и новиот слој на асфалт ќе ја олесни и забрза комуникацијата на овој дел од градот со центарот, а граѓаните ќе ги заборават маките и нервозите со дупките и калта.
Асфалтирањето дојде по поставувањето на големите колектори за фекална дождовна канализација во рамките на проектот за реконструкција на канализацијата и изградба на пречистителна станица.