НОРМА ЗА 2015

Параглајдерство

Нашиот најдобар параглајдерист Мартин Јованоски беше трет на последната трка од Светскиот куп во прелети, во Турција. На суперфиналето се прелетаа 400 километри, најмногу по турнус од 91 километар. Таму, во најтешкото е потврдена третата позиција. Генерално од серијата светски купови е на 22. место, што е мошне задоволителен пласман, со кој се исполнува нормата за влез во друштво на најдобрите светски пилоти за наредната 2015.

Неодамна Јованоски беше победник на Претсветскиот куп.

Loading