ЗАСЛУЖИЈА ПРЕДНОСТ

Фудбал

Фудбалот е спорт во кој може на успех да се надева послабиот. Тоа се случи на првиот куп меч Победа – Дрита 1-1. Резултатот не е реален одраз, според соодносот на шансите. Во првото полувреме домашните наметнаа агресија со шест-седум зрели можности, но постигнаа само еден гол преку Јанкоски. Во вториот дел гостите воспоставија рамнотежа, но се можеше да биде попусто, ако Јанкоски при силен налет наместо жолт картон добиеше пенал од судијата. Пред крајот, Хасан со глава израмни на 1-1 и Победа без предност патува во Боговиње. В недела за првенство дома без гледачи игра со Борец.

Управата информираше дека клубот е поддржан од шест фирми, меѓу нив најнова е Витаминка, а сите се сопственици на ФК Победа.

Loading