ТРКА ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Мотокрос

Vozbuduvanja predizvikaa vozaciteУспешно се одржа долгоочекуваната деветта мотокрос трка за Источноевропското првенство, во организација на Општината, клубот за екстремни спортови Скај – Рајдерс, Мотоциклистичката федерација на Македонија, помогнати од Агенцијата за млади и спорт, јавните претпријатија и бизнис секторот. На преубавата нова патека кај Старо Лагово се претставија педесетина моторџии од седум земји, а нивните вештини ги видоа илјадници љубопитни приврзаници на овој спорт. Трката ја проследија и искажаа задоволство личности од јавниот живот.

– Одличен потег на организаторите за заживување на мотокросот. Првпат бев на ваква манифестација и прекрасно се чувствував – рече Миле Јанакиески, министерот за транспорт и врски.

– Организацијата на ваков врвен натпревар е потврда за квалитетот на патеката. Се надевам до година да имаме трка од европски и светски ранг – изјави Марјан Ристески, градоначалникот.

– Успеавме да добиеме организација на Источноевропско првенство. После оваа добра трка, забава и дружење, догодина очекуваме европски и светски првенства – рече Ѓорѓи Манчески, претседателот на Скај – Рајдерс клубот.

Moment od trkata vo LagovoАрената овозможува не само брзина, туку и вештина при свиоците, угорнините, а се чини највпечатливи моменти се кога моторот се крева во воздух и лета повеќе метри во далечина. Тоа го прават сите и затоа секој учесник е следен со максимум внимание. Возењето е атракција и намамува погледи, а во овој спорт резултатите и пласманите како да се во втор план. Ако сепак се очекуваа најмногу поени, тоа секако беше домашниот фаворит, битолчанецот Христијан Илиоски, кој ги оправда очекувањата и триумфираше во најсилната класа МХ1.

– Патеката е речиси перфектна. Треба да се промовира овој спорт, еден од најмашките. Возам од седум години и веќе мотокросот ми е во крвта. Толку многу имам постигнато и да сакам да се откажам, не можам – истакна Илиоски.

Настанот одекна во земјата и Регионот. На сајтот од Мотоциклистичката федерација на Бугарија е запишано дека бугарска група кросисти учествува на нова мотокрос траса во Прилеп, родниот град на Крали Марко.

Loading