СТРАНСКО ИСКУСТВО ВРЗ ДОКАЖАНИОТ КВАЛИТЕТ

Витаминка

– Експертот Јоаким Чемба од Германија, три недели го пренесуваше своето искуство стекнато во Нестле

Sugestii od ekspert za cokolada vo Vitaminka - Germanecot Cemba i TaneskiЕксперт кој работел во многу големи компании, меѓу кои и Нестле, пренесе дел од искуствата на тимот технолози кои работат по врвна технологија во Витаминка со цел подобрување на квалитетот и производството на чоколада. Дека прехранбената индустрија располага со добра технологија и стручен кадар, потврди и стручнакот Јоаким Чемба од Германија. Тој три недели го пренесуваше своето искуство во Витаминка преку владиниот проект. Долгодишното производство и побарувачка на пазарот се доказ дека производите се со константно високо ниво на квалитет на состојките.

– Работевме на подобрување на вкусот и конзистенцијата на чоколадота во споредба со најпродаваните марки овде, како репер, наидовме на добра соработка. Од друга страна, се рекомпонираа состојките на поинаков начин – вели Марјан Танески, технолог и шеф на производството во Витаминка.

Според германскиот експерт, Јоаким Чемба, некогаш е битно рекомпонирањето на состојките, а за врвната чоколада е пресуден е квалитетот на какао.

– Тука сум да помогнам на квалитетот, производството, за понатамошното унапредување и усовршување. За врвен квалитет, треба да се земе врвно какао – вели Јоаким Чемба, германски експерт за чоколада.

Неговото заминување нема да е и прекин на консултациите. Тој е на располагање на компанијата за совети и сугестии и он лајн. 

Задоволувањето на вкусот на консументите е приоритет за Витаминка, особено што над 42 отсто од производството се пласира на пазарите во светот.

Нова линија за производство на чоколади

ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА 

Витаминка се подготвува за новата инвестиција за производство на врвна чоколада, вредна 2,5 милиони евра. Активностите се одвиваат навремено.

– Опремата е од врвниот производител Билер за високотехнолошко производство на квалитетни чоколада. Околу март, треба да почне првото производство – вели Танески.

Втора фаза на владиниот проект

20 ЕКСПЕРТИ, ДВА МЕСЕЦА ВО НАШИ ФИРМИ   

Во втората фаза од владината програма за ангажирањето странски експерти во македонските компании веќе се ставени на располагање дваесетина стручнаци за два месеца. Тие им помагаат на фирмите да се развиваат, да го зголемат профитот и економскиот раст во земјава. Освен експерти од Германија, Холандија, ЕБРД, Швајцарија, сега се ангажираат и од Италија и Австрија.

Витаминка е подготвена преку владината програма да ангажира експерти и во другите кондиторски области.

Loading