ПОВЕЌЕ ОД ПРОДАВНИЦА ЗА ТЕПИСИ И ТЕПИСОНИ

Просперо

Reputacija so sozdadena so germanski brendovi - Dime Bozoski - ProsperoПросперо е многу повеќе од продавница за теписи и теписони. Сопствениците Бозоски успеваат од дуќан за теписи, теписони и пвц подови, за неколку години понудата да ја прошират и на тврди подови – трослојни паркети и  ламинати. 

Во 1994 година на таткото Стојче, од “нигде – никаде”, му текнало за бизнис со теписи и теписони. Од 1998 г., по реорганизација, се раѓа Просперо, а синот Диме станува раководител. Тргнуваат со трговијата на теписи, теписони и синтелони, но одат чекор подалеку и  стануваат “играчи” за големо продажба во Македонија. Синтелонот Бачка Паланка, познатата тепихара од Војводина, бренд кој што го знаат нашите мајки и татковци, после неколку години преговори “пуштаат срце” и им дозволуваат да бидат нивни директни застапници. Првите контакти ги оствариле во 2000-та година во Хановер на саемот за теписи и синтелони, стекнуваат лично пријателство и добиваат директно застапништво. Но, Просперо тука не запира. Откако Tarkett станува новиот сопственик на Sintelon, “се ракуваат” и со нив и започнуваат партнерски однос со глобалната компанија за тврди подови со над 38 фабрики во светот. Од пред една година започнуваат соработка и со Classen, бренд за ламинати од Германија.

– Отсекогаш сум бил фасциниран од Tarkett. Без да сакаме влеговме во соработка. Тој е лидер во производството и дистрибуцијата на подови за резиденцијален и комерцијален сегмет и за спортски решенија. Сега и ние сме дел од играчот што е бр.1 во светски размери. Воведовме и тврди подови и добро се носиме. Фатени сме рака под рака со Tarkett, односно со Sintelon и Classen, како нивни директни застапници. Тоа нé прави поинакви од другите. Продаваме оригинални германски ламинати на Tarkett, а не кинески – вели Диме Бозоски.

Пред 10 – тина години се прошириле и во Охрид, но по 5 – 6 години се селат во Битола, станувајќи овојпат регионален понудувач на теписи и тврди подови – винили, линолеуми, паркет – ламинат кои се користат во болници, училишта, спортски сали. Општинската зграда од 1300 м2 е послана со комерцијални подови, исклучиво наменети за професионална употреба, кои инаку ги нема во продавница. И училиштата “Климент Охридски” и “Кире Гаврилоски”, наместени се со подови сертифицирани за висока фрекфенција.

– Просперо нуди подови за сечиј џеб и вкус, и за дома, и за деловни простори. Зад нас стојат две големи фабрики – Tarkett и Classen кои диктираат квалитет. Имаме стока и за резиденцијални простории, за домови и за комерцијални објекти. Муштерии идат од Крушево, М. Брод, Кичево, Демир Хисар. И во Битола го препознаваат брендот Просперо – објаснува сопственикот Бозоски, кој се гледа како работник, кој ја расте фирмата.

Тајната на успехот на Просперо е во прилагодувањето на своите понуди кон потребите на купувачите со макотрпно работење, вложување на средства и правилен избор на теписи и ламинати за да се остане лидер во секторот на подни облоги. 

Loading