ЧЕТКА И БОИ ВО РАЦЕТЕ НА БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР

Risteski ja obojuva ogradataЈа бојадисуваа оградата на Дневниот центар за деца со посебни потреби британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет заедно со целиот персонал од амбасадата во Скопје и во соработка со британско – македонската фирма Комфи ангел. Хуманитарната акција е дел од прославата на десетгодишниот роденден на конфекциската мешовита компанија со 900 работници.

Со четката и бојата в раце Гарет изјави дека е многу среќен што дава придонес во подобрување на условите за децата со посебни потреби.

Ирена Јакимоска, косопственикот и менаџер на Комфи ангел, е радосна што со дел од работниците и вработените од британската амбасада по завршувањето на обојувањето на оградата ќе се дружат со децата. Најави дека средствата од следната хуманитарна акција за продажба на печива подготвени од сите вработени на плоштадот на 27 септември ќе бидат насочени за децата со аутизам.

И градоначалникот Марјан Ристески се фати за боите, но и му подари на британскиот амбасадор икона со патронот на Прилеп, Свети Никола. 

Loading