НАГРАДИ ЗА КАДРА НА РИСТЕСКИ И БАРЛАКОСКИ

Bravo za Risteski i BarlakoskiСé поголемата дружина на наши фотографи сé повеќе успева да се накити со признанија. Овојпат, тоа им појде од рака на Димитар Ристески и Божидар Барлакоски. Двајцата однесоа четири награди од Широк Сокак за оригинални и креативни дела, “фатени” во фотоапаратите во дел од животот. Членовите на фото-кино клубот Прилеп покажаа дека и во силна конкуренција можат да се носат  рамо до рамо со 451 автор од 52 земји од светот, и тоа меѓу 3000 фотографии. На градите блеснаа еден бронзен ФИАП медал, а во рацете две ИААП дипломи и една ПСА диплома.

Нашите мајстори за фотки ќе имаат изложба по одржаниот меѓународен фото конкурс Прилеп салон 2014.

Loading