ЕКНА ХОРСКА ПЕСНА СРЕДЕ ПУСТЕЦ

Pesna pokraj ezerskiot sirГо облагородија пустиот Пустец гласовите на хорот на КУД “Пере Тошев”. Дваесетина хористи го поделија празнувањето на македонската држава, 8-ми Септември, со изведба на повеќе македонски револуционерни и борбени песни пред општинската зграда во Мала Преспа, Албанија. Со широко отворени очи, љубопитно беа следени хористите при везот на песните. Нежните звуци од грлата на женските и машките први, втори и трети гласови, хармонично аранжирани од диригентот Славчо Мирчески, предизвикаа громогласни аплаузи на македонското население, кое ја препознава својата песна и на свое и на друго тло. При изведбата на македонската химна, на сите од восхит им трепереа срцата и морници ги полазија од воодушевеност.

Градоначалникот Едмонд Темелко порача дека музиката ги грее сите Македонци, каде и да се.    

Loading