УШТЕ ВО БУНДЕС ЛИГА

Матилда Атанасоска

И во наредната сезона наша претставничка во германската најсилна женска ракометна, Бундес лига, е крилото Матилда Атанасоска. Продолжува во истиот тим на Вулкан од Кобленц. Успешно ги мина летните подготовки. Таму стартуваше новиот шампионат. Во својата сала со убедливи 17-31 загубен е мечот со Берлин. Атанасоска беше дел од екипата меѓу 14 домашни првотимки, а од есенва соиграч и е скопјанката Ивана Саздовски, бек, која на дебито постигна три гола. Поправен испит е второто коло викендов на гости кај Келе.

Саздовски има настапувано за Жито Прилеп, а Атанасоска за Тутунски.

Loading