КОПАНИЧАРИ НА ИЗЛОЖБА ВО КРУШЕВО

Четворица копаничари од прилепскиот регион учествуваат со свои дела на 57. копаничарска изложба во Крушево, по повод 160 години од смртта на најпознатиот македонски копаничар Петре Филипоски – Гарката.

Со две дела се претставува Стеван Боцески, а три се од Никола Топчиоски и Ристо Тошески, како и Здравко Палески од Свето Митрани. Делата се посветени на историјата, религијата, на револуционерите.

Loading