ДРЕНСКОТО ТВОРЕШТВО НА ЈАВЕ

Завршува Прилепското културно лето

Ucesnicite na Kolonijata dren 2014Изложбата на 30 слики создадени на колонијата Дрен 2014 ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Ќе бидат претставени делата од 12 уметници Данчо Ордев, Панде Петровски, Билјана Билбилоска, Валентина Илијевска, Ирина Титиева, Новица Трајковски, Тони Чатлески и Марјан Стојаноски од Македонија и Олга Панкина, Натали Рахлина и Евгениј Северушкин од Русија и Билјана Долиќ од Србија, создадени на седмата колонија Дрен, која годинава се одржа од 27 јуни до 6 јули.

– Ќе се проследат сликите – пејзажи, апстракции, портрети што уметниците ги твореа во преубавата манастирска природа. И годинава имаме одличен квалитет на слики кои ќе останат трајно наследство на нашата институција, на градот, на Македонија, бидејќи колонијата ја финансира Министерството за култура – велат од Центарот за култура.

Со изложбата завршува годинашната манифестација Прилепско културно лето, која понуди над 30 настани, концерти, изложби и манифестацијата “Изворен фолклор на балканските народи”.

Loading