ОХРИД ДОАЃА НА 20 СЕПТЕМВРИ

Ракомет

Според одлуката на РФМ, машката ракометна Супер лига стартува на 20 септември, а во првото коло РК Прилеп е домаќин на РК Охрид. По долги четири години дуелот со нетрпение се очекува од прилепската публика, гладна за најквалитетни натпревари. Уште од сега се најавува полна сала во СОУ “Р. Р. Ричко”. Понатаму се интересни мечевите од распоредот, на гости кај Работнички, дома со Металург јуниор, пак дома со Преспа, на гости кај Зомимак, дома со Радовиш, гостин кај Текстилец, дома со Тинекс, а на крајот е дербито со Пелистер во Битола.

Во меѓувреме траат подготовките. По враќањето од Самоков, екипата работи во градов и на ред е завршната фаза. Покрај техничко – тактички тренинзи, предвидени се пријателски мечеви, а спаринг партнер е токму Охрид, додека неизвесна е Преспа. Тренерот Орде Илиески има на располагање 18 првотимци, меѓу нив новите голманот Божиновски, пивотот Когој, бековите Цветкоски и Талевски.

Loading