ЛИГАТА СЛАБЕЕ

Жени

Некогаш женскиот ракомет беше над машкиот, сега надолу паѓа, потонува. Дознаваме дека само четири тима се пријавиле за Супер лигата, Вардар СЦБТ, ЖРК Вардар, Металург и Жито Прилеп. Прашање е колку ќе брои Првата лига. Можеби сите екипи треба во една лига. Нема квантитет, нема квалитет, а тоа што Вардар СЦБТ го прави на европска сцена е надвор од реалноста. Прашање е дали ќе можеме да составиме репрезентација во блиска иднина.

Во градов, засега, не е потврдена фузијата која се навестуваше помеѓу Жито Прилеп и Таста 107. Дознаваме дека Ж. Прилеп имал тренинзи на Могила, а за тренер се очекува Вера Аџулеска.

Loading