МАЈКА БОГОРОДИЦА ШТИТИ И ЗАКРИЛУВА

OдбелеЖан празникот Успение на Пресвета Богородица

NaslovnaМирната и тивка атмосфера на манастирот Свети Димитрија во с. Селце, сместен под пазувите на Селечка планина, вчера беше заменета со врева и со убав муабет и весело расположение. Многу народ се збра за да го одбележи празникот Успение на Пресвета Богородица.

Меѓу нив најбројни беа рударите од Мермерен комбинат, на кои Богородица им е заштитничка. Дојдоа да запалат свеќа за здравје, за радост во нивните семејства, за просперитет на фирмата.

Нови инвестиции

111Откако заврши литургијата рударите седнаа на заедницката трпеза во манастирот. Вкусија јавнија, апетисани, се подружија. Си раскажуваа згоди и незгоди од секојдневната работа. Дружбата им ја овозможија од синдикатот и од фирмата.

– Празникот го одбележуваме со сите адети и обичаи за денот, со свечен ручек, со доделување награди и признанија.

На помладите колеги им посакавме да имаат добро здравје и да се грижат за безбедноста при работа – изјави Сашо Стојаноски, член на Синдикатот.

Во Мермерен комбинат работат околу 350 рудари, кои и благодарат на Пресвета Богородица за штитеништвото.

– Да се биде рудар е голем предизвик. Сака многу труд, работа и пред сé внимателност – вели Златко Спиркоски, кој веќе 28 години е работник за безбедност при работа. На прославата дојде речиси и целото раководство на фирмата.

333– Секоја година избираме најдобар рудар. Годинава изборот падна на Тони Илиоски, кој ќе добие пригодна награда. Како фирма континуирано вложуваме за безбедноста и заштитата при работа. Потврда за тоа е наградата што ја добивме за безбедност и здравје при работа во категоријата големи македонски компании. Ќе продолжиме и натаму да вложуваме во тој сегмент – вели директорот Јасна Ажиевска – Петрушева.

– Празникот многу значи за нас, за нашите семејства. Постојано í се молиме на Мајката Господова да нé чува во работата, да имаме здравје кај работниците, во нивните семејства, да имаме просперитет. Идната година планираме да инвестираме прилична сума за набавка на нови машини и оперативни зафати и долги години да бидеме тука – изјави Григорис Бакас, оперативен директор на Мермерен комбинат.

Предизвик е да се биде најдобар

222Тони Илиоски го доби признанието за најдобар рудар. Од фирмата ќе добие признание и парична награда. Тој веќе 32 години работи во рудникот Сивец како оператор на машини за дупчење. Среќен сум. Големо задоволство е да бидеш најдобар, особено во фирма која има толку вработени. Тешко е да се биде рудар, ама голем е предизвикот. Задоволен сум од условите за работа. Има ред, дисциплина. Сé е под контрола – вели среќниот Илиоски.

Инвестиции во концесионерството

Честитки за празникот Успение на Пресвета Богородица до сите рудари упати градоначалникот Марјан Ристески, посетувајќи ги рударите од Мермерен комбинат во манастирот Св. Димитрија во с. Селце. – Во нашиот регион има околу 20 фирми концесионери кои експлоатираат минерални суровини. Како предел изобилуваме со бел мермер, кој е наш бренд, со оникс, травертин, гранит. Очекувам следниот период главна инвестиција да биде вложувањето во преработка на минералните суровини – изјави Ристески.

ИЗЛОЖБА ЗА ПРАЗНИКОТ

444Вработените од фирмата Крин КГ празникот Успение на Пресвета Богородица го одбележаа со отворање на изложба на мозаици и скулптури изработени на камената колонија “Прилепски кринови” во изминатите четири години. Посетителите синоќа имаа можност да ги видат одлично изработените творби на дваесетина уметници од Македонија, Србија, учесници на “Прилепските кринови”. 

Loading