СЕ ДОТЕРУВААТ УЧИЛИШТАТА ВО КРИВОГАШТАНИ

Кривогаштани не престанува со реновирањето и адаптацијата на објектите за најмалите. Во селото Славеј целосно се реновира подрачното училиште. Сменети се прозорците, а ќе се изврши и внатрешно уредување и малтерисување. Ќе се изградат и нови санитарни јазли. Ќе се уреди и дворот со детски реквизити, кои ќе придонесат да се подобри образованието и згрижувањето на учениците.

До крајот на годинава ќе се отвори градинката во Кривогаштани.

Loading