СТАРТ НА 14 СЕПТЕМВРИ

Општинска

Екипите од А и Б општинската лига со тестови се подготвуваат за претстојното првенство, кое стартува на 14 септември. Договорениот состанок во ОФС е на 30 август. Системот најверојатно ќе има новини со воведување плеј – аут, покрај плеј – оф. Во А лигата се 14 тима: Обршани, Канатларци, Динамо, Слога, Беровци, Кадица, Тризла, Прилеп сити, Пролетер, Братство, Младост К., Кадино, Тополчани и Илинден. Во Б лигата се: Чепигово, Боротино, Црнилиште, С. Штркот, Клепач, Пелагонија, Ц. Ѕвезда, Напредок и Гарван, а има место за новопријавени.      

Loading