РАЗГАЛЕНИ ИГРАЧИ

Историја

Денеска за минатото се зборува во суперлативи, дека пред децении се играло од љубов кон клубот, но не е баш така. Во шеесеттите се расправало за нефудбалските случувања во Победа, а жешка тема биле привилегиите и нереалните барања на играчите. Управата се жалела дека првотимците постојано уценуваат пред важни мечеви. Еден барал стан, друг убава работа, трет да му ја вработат жената… Се барал одговор за начинот за стекнатото образование. Многумина од тимот добивале дипломи, а имале неверојатно бројни изостаноци.

Тоа се повторувало со години и водечките луѓе само констатирале дека клубот се движи во погрешен правец со тоа што од солидни момчиња се прават разгалени уценувачи.        

Loading