ДОНАЦИЈА ЗА ДВА КЛУБА

Горан Кузманоски

Убав пример од ракометниот интернационалец во Романија, Горан Кузманоски. Не ги заборава родниот град и местото каде израсна и ги имаше почетоците во овој спорт. Деновиве подготвил донација за прилепските клубови, машкиот и женскиот суперлигаш. Веќе е на пат и треба да пристигне на почетокот од идната недела. Имало топки, дресови, маички, опрема за ракометарите и тренерите. 

Во меѓувреме објавена е фузија меѓу Таста 107 и Жито Прилеп, а новиот клуб ќе биде во Супер лигата.

Loading