ГОЛМАНОТ СЕ ПРИКЛУЧУВА

Ракомет

Машкиот ракометен суперлигаш, РК Прилеп ги привршува висинските подготовки во Самоков. Осум дена поминаа во напорни тренинзи на кондициски план и за добивање сила. Под водство на Орде Илиески работеа 17 првотимци. Од новите се присутни Когој, Талевски и Цветкоски, а се чека приклучок на голманот Божиновски од Битола. Во последен момент отпадна крилото Угриновиќ, поради приватни ангажмани. Меѓутоа, алтернативата е тука, младиот Н. Петрески, кој одлучи да остане и не замине во Скопје. Вратата е отворена уште за двајца, но има услов да бидат со висок квалитет. По враќањето в сабота, следи одмор и од понеделник се тактичко – техничките тренинзи.

Вчера во РФМ беше ждрепката и распоредот за Супер лигата.

Loading