ОСМО ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ

Утревечер на Слонот кај Тронот

Библиотеката, заедно со македонското друштво “Пела” од Словенија и општината, утревечер ќе ја стават на пиедестал  поезијата на локацијата кај Слонот на тронот. По осмипат ќе се одржи Поетското Маркукуле со над 60 поети од целата земја во две категории – млади и возрасни.

– Ке ја оживееме мислата на перото со возвишен збор. Ќе се излее инспирацијата  на веќе традиционалната средба – вели Петар Петрески, директорот на Библиотеката.

Пред манифестацијата, ќе се промовира Зборникот “Поетско Маркукуле 2013”, а средбата ќе ја збогатат вокални интепретатори и групи. 

Loading