ПИВО ЗА ЛАДЕЊЕ ОД ВРЕЛАТА ЖУРКА

Заврши 12 – тиот Пивофест

Emina Jahovic gi krena site na noze“Абе кај че ојш на пиво?”. Вака започнува приказната за пивската треска, која го “дрмаше” градов четири ноќи додека пиво се пени и точи. Сé живо, и младо и старо, “киниса” да крене в раце кригла, да “замези” специјалитети на скара и лудо да се “журка” во музичкиот спектакл со најдобрите ѕвезди од Балканот. Скарата што оди добро со пиво од убавите поубави штандови, навалицата, атрактивните прилепски баварчиња, еуфоријата, овациите, извиците, “рацете горе” во ритамот на музиката, Кинези кои се “кршат” на македонско оро и чочек, расплакани обожаватели по Даниел Кајмакоски, визуелните ефекти на ДЈ-ката Золото, американските The Toasters, најлајкуваното селфи на Тијана и Тамара, “романтиките” на Владо Јаневски, “ѕверскиот” настап на Хладно Пиво, тапаните на Ефто, блазе си му на оној кој те има на Цетински, животот е чудо на Розга, разиграниот Урош, шармот на Маид, провокативното тело на Емина, “ѕвезденото небо за Тоше” од Жељко со македонско знаме врз себе, “страшните” огномнети, победничкото свадбарско селфи, на чело со најдобриот шоумен и домаќин Игор Џамбазов со неговиот бенд, се моментите по што ќе го паметиме 12 – тото издание на Пивофестот. Не се забораваат и  урбаните млади кои “неуморно”, секоја вечер после официјалното шоу, на алтернативната бина со “денсање” дочекуваа бел ден.

Како што по утрото денот се познава, така и по феноменалната не видена прва вечер се препозна целиот Пивофест. Францускиот бенд Јоке само ја загреа атмосферата, која го достигна врвот со Даниел Кајмакоски. Нашата балканска ѕвезда разнежни и освои илјадници срца, кои пееја во еден глас, врискаа и плачеа по него. Во секоја фестивалска вечер имаше за сечиј вкус по нешто. Никој не е изоставен.

Во името на пивото сите патишта водеа до Прилеп. Од “7-77” преминаа во “друг свет”, во поинаква реалност. Се докажа и дека не е битна популарноста на ѕвездата, туку умешноста  од “обичен фест” да се создаде “чудо” од атмосфера. Илјадници овации и извици, кренати раце, распеани срца, разиграни тела, солзи на фановите, љубители на пивото и скарата е она што останува.

Фестивалот кулминираше со Жељко Самарџиќ, кој се покажа како вистински мајстор за забава за сечиј вкус. Со срце за Македонија ја “загреа” публиката со македонското знаме врз себе и сплетот од македонски народни песни, меѓу кои и Македонско девојче.

И кога последната музика на алтерантивната бина згасна во мугрите, на многумина не им се веруваше дека сето тоа заврши. Сакаа уште, и враќањето во реалноста само им ја зголеми желбата за подолготраен Пивофест. Се оконча славата на пивото.  

Градот се покажа достоен на задачата со организацијата на најголемиот фестивал на пивото во Македонија и Балканот.  Обезбеди “место” на светската мапа како турстичка актракција и фестивалски град. Стотици илјади гости и туристи од целата држава, од Балканот, дури и од Германија, Кина, Јапонија и Австралија ги “оставија” обврските и “се прошетаа” на прилепскиот спектал. Чест на Пивофестот му направи и Скопската пиварница со приготвената џиновска плескавица од 90 килограми по повод нејзиниот 90 годишен јубилеј.

Останаа емоциите поделени – среќата да се биде дел од ваков спектал, и тагата што забавата заврши. 

Loading