ДУАЛИЗМОТ НА ЧОВЕКОВАТА ПРИРОДА И МЕТАМОРФОЗАТА НА ЧОВЕЧКАТА СОСТОЈБА

 “Сон на летната ноќ” премиерно на “Битола Шекспир фестивал”

Zasiluvanje za Son na letnata nok“Сон на летната ноќ” од Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ е новата претстава која театарот “Војдан Чернодрински” премиерно ќе ја прикаже вечерва во Битола на Шекспир фестивалот. Нашата публика премиерата ќе ја проследи во септември.

На втора соработка на Нела Витошевиќ со ансамблот и прва со Шекспир забележала дека е зрела за истражување во еден современ стил.

– Влијание имаше теоријата на Јан Ход полски толкувач, популарен во 70 – 80 години. Во смила на тоа дека ја крши визијата на толкување на Сонот на летната ноќ, односно го отвора како дело кое имплицира дека сонот не е само сон, туку и ноќен кошмар. Го отворам делото од психолошки аспект и го истражувам дуализмот на човековата природа или метаморфозата на човечката состојба. Пробав да ги подвлечам двете константи – разумот што е одлика на кралството во претставата и чувствата што се одлика на шумата. Во кралството истакнувам лажен морал, а во шумата излегува либерализам и слобода на говор и мислење. Претставата осцилира меѓу режијата и силната актерска игра – изјави Витошевиќ.

Актерот Игор Ангелов, кој пред десетина години беше дел од прилепскиот театар, оценува дека ансамблот созреал и со Нела е направена добра претстава, ново читање на Шекспир.

Покрај него играат Даниела Иваноска, Игор Трпче, Марија С.Илијеска, Кате Чакмакоска, Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Ирена Мирческа и Михајло Михајлоски.

Автор на сценографијата е Костатин Трпеновски, музиката е на Огнен Анастасоски, костимите на Розе Трајческа. На гитара настапува Димитар Ѓорѓиевски.

Loading