ПОЕЗИЈА НА МАНАСТИРОТ СВ. ЃОРЃИЈА

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија в недела ќе престојува во манастирот Св. Ѓорѓија. Ќе настапат Василе Димески, Елена Пренџова, Бобан Богатиновски, Марина Мијаковска, Васо Николовски, Марта Маркоска и Перо Миленкоски.

Ќе се изведе и монодрамата Крали Марко од Славчо Ковилоски, а  ќе може да се ужива и во настапот на дуото Sugnature. Ќе има и презентација на цветните пораки за мир од Живко Поповски – Цветин.        

Loading