ДИЛЕМА 22 ИЛИ 27 КОЛА

Трета

Уште не е одлучено каков систем ќе има првенството во Третата лига – Југ. На состанок на раководството најдоцна до 15 јули ќе биде дефинирано како ќе се натпреваруваат 12 тима. Има два предлози, за двокружен класичен систем со 22 кола и со основен од 22 плус пет со плеј оф на шест горнопласирани и плеј-аут на шест долнопласирани. Првакот ќе биде учесник во баражот за Втора лига со осмопласираниот второлигаш или со еден од третолигашките прваци. Котизацијата за учество во Третата лига е 10 илјади денари.

Стартот на првенството е предвиден за 24 или 31 август. 

Loading