ЗА СЕКОЈ ПРОБЛЕМ ИМА РЕШЕНИЕ

Став за Победа – Драги Башески, новинар

На Победа í се случи најлошото по суспензијата од УЕФА во 2010 година. Ова денешна Победа не е истата, туку Победа јуниор, новоформиран клуб, но и за неа треба да се тагува, зошто Прилеп остана без прволигаш и второлигаш, непријатност меѓу најголемите во историјата. Причини има многу. Итно мора да се дефинира иднината дали скоро ќе имаме второлигаш и наредните шест – седум години прволигаш и тим за Европа, како порано. На тркалезна маса да седнат најповиканите за фудбалот во градов, а заедно со нив и најповиканите од ФФМ. Да се одговори на прашањето зошто се дозволи Победа, Беласица, Борец, Охрид, Караорман и други клубови да ги снема, а кои мора да се вратат, не насила, туку според прописите, за со нив да се врати квалитетниот фудбал.

Не постои проблем за кој нема решение.

Loading