СЛИКАРСКО АТЕЛЈЕ НА ОТВОРЕНО

Седма  колонија “Дрен” во манастирот Св. Илија во с. Дрен

Prirodata vo dren predizvik za tvorestvo na umenticiteУметниците од земјата и од странство десетина дена го окупираа манастирот Св. Илија во селото Дрен, творејќи на седмата ликовна колонија “Дрен” организирана од ЦК “Марко Цепенков”. Воодушевени од надарената природа, распослани со штафелаите низ манастирскиот двор, сликарите со четките, шпаклите го овековечуваат овој живописен предел. Уметниците од Македонија, Русија, Србија, создаваат творби кои ќе останат во трајно наследство на Центарот, на градот, за Македонија.

Велат дека  тука е рај Божји.

Ostanav podolgo vreme vooduseven od prirodata - Danco Ordev– Мислев да останам неколку дена и да заминам на друга колонија, ама се премислив. Природата ги истурила најубавите дарови. Околината буи со невидени богатства кои ги параат очите и инспирираат – вели Данчо Ордев.

– Местото генерира полна уметничка енергија. Ателје е под отворено небо. Патем се дружиме во пријатна атмосфера. Впечатоците никогаш нема да се избришат. Со 30 колонии во земјата и странство зад себе, категорично тврдам дека просторот е фантастичен – вели Панде Петровски.

 

Prostor koj budi romanticni misli - Biljana Dolic od Srbija– Амбиентот е роден за творење. Инспирирана од тишината,  создадов романтични дела посветени на љубовта – вели Билјана С. Долиќ од Србија.

– Воодушевена сум. Затоа оставив неколку слики, од кои една е поврзана со македонската традиција – вели Олга Панкина од Русија.

Уметниците велат дека колониите се погодни за размена на искуства.

– Колониите го обединуваат и развиваат духот, респектирајќи ја индивидуалноста. Тие се катче за слободен израз во потргата по безграничноста. Паралелно годи дружењето и создадените нови пријателства. Колониите се повик за развој на ликовната уметност и добро е што државата го поттикнува ваквиот тип на творештво – додава Ордев.

Валентина Илијевска смета дека манифестацијата е можност за размена на ликовни концепти за да се покаже она што се знае и да се прими иновација. Со тоа се согласуваат и уметниците Евгениј Северушкин и Наталија Раклина од Русија, и Ирина Титиева, Билјана Билбилоска и Марјан Стојаноски од Македонија.

Директорот на Центарот Тони Чатлески блика од задоволство што се организира уште една успешна интернационална колонија, со поддршка на Министерството за култура, посочувајќи дека делата ќе бидат презентирани на изложба на 5 септември, на завршницата на “Прилепското културно лето”.  

Loading