МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ПРЕТСТАВЕНА ВО ПОЛСКА

D-r Eli Liceska( desno) go prezentira makedonskoto nasledstvo vo PolskaМакедонската култура, обичаите, јазикот, фолклорот, неодамна беа претставени во Полска во рамките на петгодишната соработка меѓу Институтот за старословенска култура и институтот за славистичка филологија “Адам Мицкиевиќ”, што трае веќе пет години. Се одржаа предавања за јазикот, за машките обредни поворки и пролетните обичаи кај Македонците, за фолклорот, при што Полјаците покажале голем интерес за изучување на македонските ора.

– Над 50 студенти научија брзо да го играат орото, Шестката и Пајдушкото. Со колешката Ренкас, позната во македонската наука со истражувањата на Водици, реализиравме ретроспективна изложба на фотографии за обичајот Водици, што се дел од теренските истражувања на овие обредни обичаи и на традицијата – вели д-р Ели Луческа, директор на Институт за старословенска култура.

Присуството на Институтот за старословенска кутлура во Полска придонесува за продлабочување на воспоставената соработка на културен план. 

Loading