КУД “МИРЧЕ АЦЕВ” ВО ХРВАТСКА

КУД “Мирче Ацев”, кое од 1947 година го негува македонскиот фолклор, од 10 до 15 јули ќе учествува на два етно фестивали во Хрватска. Првите два настапи се на 10 и 11 јули на етно фестивалот “Макарска етно” во Макарска, каде втората вечер ќе настапат заедно со Мирослав Тадиќ и Браќа Теофиловиќ. После играорците ќе заиграат на меѓународниот фолклорен фестивал “Михољичко село” во Доњи Михољац.

– Задоволство е да се претставува македонскиот фолклор и Прилеп на реномирани фестивали – велат од друштвото, потенцирајќи дека на крајот на јуни настапиле на фестивал во Наково, Србија.

Loading