БРАВО ЗА ПРИЛЕПСКИТЕ ФОТОГРАФИ

На Деновите на македонската фотографија

Двајцата наши фотографи Божидар Барлакоски и Мики Николоски, членови на фото кино клубот Прилеп, се закитија со две први места за фотографија на 52. издание на “Денови на македонската фотографија”. Барлакоски ја доби наградата за колекција фотографии, а Николоски за фотографија во младинска конкуренција.

Успехот на нашите фотографи е потврда дека фотографското творештво е во подем и ги минува локалните рамки.

Loading