СТУДЕНЧИЦА ПАЛИ ЛАМБИ

Ќе се гради мала електро централа кај Варош

Безбедноста на цевководот долг 100 километри ќе се испитува со робот по 34 години експлоатација      

Студенчица наскоро и во шише

Poluvanje na vodata ne samo z apiewe, tuku i za struja - Goce Nakeski, direktor na JP StudencicaДодека регионалниот водовод Студенчица стабилно ги задоволува потребите од вода на околу 150 илјади жители од шесте општини, младиот менаџер Гоце Наќески, засилен со искусни членови на управниот одбор на ЈП Студенчица, реализира енергетско искористување на системот, крои проекти за одржување, покрај одминувањето на амортизацискиот период од 30 години. Според првиот човек, во 34 -тата година од експлоатацијата, цевководот, долг 100 километри, е безбеден и стабилен. Нема да затаи и да не ја гасне жедта. Ќе продолжи да ги задоволува хигиенските потреби и да обезбедува вода за разладување на технологијата за производство на струја во термоцентралата Осломеј. Нема отстапување на концепцијата за искористување на моќта на водата во производството на струја со инсталација на мали хидроцентрали, паралелно претендирајќи да се зголеми енергетската ефикасност со градба уште на инсталација на три електрогенератори на цевководот, од кои еден ќе биде кај резервоарот во Варош. Паралелно, се готви објавување на тендер за монтирање на фабрика за пакување на вода во шишиња по системот јавно приватно партнерство. ЈП е финансиски консолидирано, иако побарува повеќе од 90, односно 45 милиони денари од неколку комунални претпријатија, со исклучок на ЈП Водовод и канализација од Прилеп и РЕК Осломеј. Менаџерскиот тим на чело со дипломираниот машински инженер, трага по компании од светот кои се занимаваат со испитување на безбедноста на нафтоводи и гасоводи да го проверат регионалниот водовод Студенчица. 

iso 9001 za kvalitet za JP StudencicaНаќески е убеден дека летово ќе нема суша, туку ќе се задоволат животните потреби на сите корисници, меѓу кои и на прилепчани. Не очекува редукции, зашто природните појави на пад на дарежливоста на изворот се јавуваат еднаш на десетина години. Аргумент е издашноста на изворот која моментно е 1177 литри во секунда. Околу 760 литри се испорачуваат на жителите на шесте општини, Прилеп, Кичево, Зајаз, Македонски брод, Долнени и Пласница, а водата за пиење секогаш е приоритет.

– Остатокот од водата е за хидробиолошкиот минимум на реката и потребите на малата хидроцентрала од 440 кв, кај селото Добреноец, што ја инсталиравме и ја вклучивме во мрежата од почетокот на годинава. Моментно не работи РЕК Осломеј, кој користи 160 литри вода – кажува Наќески.

Тој ги нагласи напорите на Прилеп за обезбедување сопствени наогалишта и зафати за редукција на загубите, покрај носечкиот извор Студенчица.

– Доста постигна Прилеп со реконструкцијата на водоводот и со изградбата на бунарските и филтерските постројки, препумпните станици… И ние интервениравме на нашата делница со менување на вентили, а и останатите, корисници на водите преземаат реконструкции на мрежите за намалување на техничките и комерцијалните загуби на вода од 80 отсто. Капацитетот не е исцрпен. Со основниот проект е предвидено 192 илјади жители да се снабдуваат со вода – вели Наќески.

При градбата имало идеи за вклучување на дополнителни извори, но било технички комплицирано внесувањето во системот на изворот Питранот, каде што е потребно впумпување. Се предвидувала и градба на акумулација за РЕК Осломеј.

Izvorot Studencica - spas za zitelite na 9 opstini i TEC Oslomej– Во претстојниот период се насочуваме системот да се искористи енергетски со изградба на мали хидроцентрали. Планирана е и сигурна, една на резервоарот Варош во Прилеп со сила од 200 кв. за околу 30 милиони денари со ДДВ. Очекуваме и студија, каде се предвидени уште две мали централи или вкупно четири. Студијата ќе каже колку е економски исплатливо вложувањето, односно колку долго ќе биде враќањето на инвестицијата. Со енергетското искористување на системот се задржува цената на водата и се обезбедуваат дополнителни средства за одржување на системот, на кој му е истечен амортизациониот период од 30 години, оти сега е 34-та година. Се води постапка за легализација на системот и подготовки за впишување во катастарот на инфраструктурата заедно со сите експропријации од пред повеќе од три децении. Се подготвува геодетски елаборат. Без имотен лист и право на користење на земјиштето не може да се добие дозвола за градба на предвидените мали хидроцентрали, а за кои сме финансиски и технички спремни за градба – објаснува Наќески. 

Според него, системот е безбеден, оти се одржува 34 години. Цевководот располага со катодно обезбедување од корозија.

– Но што се случува две метра под земјата? Нужно е да се испита целиот цевковод од 100 километри. Го испитуваме пазарот и бараме фирми од Холандија, Норвешка и Северна Америка што испитуваат нафтоводи и гасоводи со робот со магнетна резонанца. Техничката постапка не е едноставна зашто при конструкцијата на системот не биле познати вакви апарати. Потребни се многу активности и подготовки за испитувањето што ќе претстои. Треба да се сменат вентили и се нужни и други интервенции. Испитувањата ќе ја кажат состојбата на системот, уште колку години ќе може да се користи, која делница треба да се замени, каде се слабостите – завршува Наќески.

Должниците го сопираат развојот

ЈП Студенчица ги обезбедува половина од приходите од РЕК Осломеј. Останатата половина е од водоводните претпријатија од шесте општини. Најредовни во плаќањата се Осломеј и Прилеп. За плаќање на старите обврски се постигнати договори со комуналните претпријатија за дисконт од 2007 година. Имаат и нови спогодби со намалени фактури и попусти. ЈП Студенчица побарува околу 90, односно 45 милиони денари, а некои се и од 1994 година. Дел од побарувањата се репрограмирани на 180 рати со отпис на 50 отсто. Неплатените побарувања го забавуваат прогресот на системот и влијаат на развојот.

Цени

Цените не се сменети од 1994 година. Тие се формираат врз основа на далечината на транспортот на водата, односно трошоците за одржување. За Кичево  цената е 0,84 ден од м3, за Македонски брод и Пласница 1,3 денари, за Прилеп, Долнени и Крушево е 1,7 денари од м3, а за РЕК Осломеј 5 денари.

Tabelaren prikaz za izdasnosta na izvorot vo 2014

Loading