Војниците и старешините со припадниците на територијалната против пожарна единица денеска во касарната ќе тренираат гаснење пожар и ќе совладуваат нови техники за заеднички противпожарни потфати. Обуката ќе има и теоретски дел.
Во практичниот дел ќе се сузбива пожар со соодветни постапки и средства и ќе се евакуираат настрадани и повредени. Обука се организира пред летните горештини кога растат ризиците од пожари.