НОВА ПОСТАВКА ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ШАРЛО

На 70 годишнината од загинувањето

Metodija Satorov Sarlo-1– Во меморијалниот музеј 11 Октомври е подготвено ново пано според кое прилепскиот комунист и член на Коминтерната, Методија Шаторов – Шарло не бил предавник и бугарофил, туку борец за независна држава

Наскоро во музејот 11 Октомври (Участакот), ќе се постави ново пано за значењето на делото на прилепскиот комунист Методија Шаторов – Шарло, кој, во досегашната историја, беше претставуван како предавник. Се сметнува досегашниот текст кој го пренесува во улога на дисидент и отпадник од ПК на КПЈ. Со новите содржини се исправа долгогодишната неправда, креирана од историографите по ослободувањето дека Шарло бил колаборационист и дека го опструирал почетокот на народно ослободителното востание во 1941 година и поради тоа бил сменет од челното место на ПК на КПЈ за Македонија.

Во содржината на новото пано се повеќе факти и фотографии од негови соборци. Текстот го подготви д-р Виолета Ачкоска, која е соработник за историја на Министерството за култура. Пренесени се дел од аргументите од повеќегодишните истражувања на архивската граѓа и заклучоците на елаборациите на научниците на повеќето симпозиуми за откривање и демистифицирање на фигурата на Шарло во македонското ослободително движење. Новата содржина ја сметнува повеќедецениската дамка, фрлена врз Шарло, и го препознава низ документи како позитивна личност во комунистичкиот период. Се фрла силна светлина за неговиот придонес како национален деец од македонското комунистичко движење.

Според м-р Соња Николов, која анализирала обемна документација, она што недостасува во македонската историографија, бидејќи тој по идеологија бил комунист, во биографијата недостасува придонесот како член на ВМРО – Обедината, посебно во Петричкиот крај меѓу 1926-27 година, кога станал член на обласниот комитет на Петричко. Таа открива дека во 1935 година, се вратил од Коминтерната. Во Бугарија го засилил движењето и активноста на ВМРО – Обединета. Тој бил дел од промакедонското крило, борејќи се за официјален статус на македонскиот народ и македонскиот јазик како признат балкански суверенитет.            

– Шарло ги бранел интересите на расцепкана Македонија за која се се кроеле асимилаторските идеи на другите земји – вели Николова.

Д-р Ачкоска оценува дека за личноста на Шарло мора да се земе предвид влијанието на силите и околностите во тоа време.

– Шарло има несреќна судбина што е злоупотребена и од КПЈ и од БКП. И едните и другите го гледале како пречка на нивните интереси. КПЈ да го зачува вардарскиот дел на Македонија, а БКП била засегната со барањата за формирање на независна самостојна Македонија – вели д-р Ачкоска.

Професор д-р Тодор Чепреганов смета дека и Шарло уште тогаш се залагал за самостојна Македонија.

Нов текст           

Novite fakti za ulogata na Sarlo vo muzejot 11 OktomvriНа паното пишува дека “Македонската партиска организација зајакнува и се етаблира како реален политички фактор во времето на Шарло, политичкиот секретар на ПК на КПЈ за Македонија, од април 1940 година до септември 1941 година. Во овој период, првпат, документите, прогласите и повиците на ПК се потпишани со Комунистичка партија на Македонија или ПК на КП на Македонија. По окупацијата на Кралството Југославија, поради отежната комуникација и можен прекин на врските, со одлука на повисоките раководни форуми, Шарло ја поврзува македонската партиска организација со Бугарската комунистичка партија. На 22 јуни 1941 година на состанокот на скопската партиска организација, во присуство на Перо Иваноски – Тиквар, организационен секретара на ПК на КПЈ за Македонија и Коце Стојаноски – Металец, член на ПК на КПЈ за Македонија, едногласно била донесена одлука веднаш да се започне со подготовки за вооружена борба со окупаторот. ПК на 28 јуни 1941 година формира воено раководство на чело со Методија Шаторов – Шарло. На 22 август 1941 година во месноста Чифлик, скопско, се формира скопскиот партизански одред, прва вооружена воена единица во Македонија. Летото 1941 година, прашањето за припадноста и раководењето со партиската организација во Македонија доведува до ескалирање на политички судир меѓу КПЈ и БКП со конечна разврска на Коминтерната. Неправедно, обвинувајќи го за антипартиска и контрареволуционерна  дејност, Јосип Броз Тито и ВК на КПЈ донесуваат одлука за политичко елиминирање на Шарло од КПЈ и македонската партиска организација, поради неговата промакедонска и обединувачка линија во конфронтација со титовата пројугословенска структура.  Во септември 1941 година се формира нов ПК на КПЈ за Македонија во состав Лазар Колишевски, Мара Нацева, Борка Талески, Благоја Јанков и Цане Андреев. За раководење со воените операции. ПК формира воен штаб во состав Лазар Колишевски, Михајло Апостолски, Цветко Узуноски, Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Беа формиран и месни воени штабови и комисии и забрзано се подготвуваше вооруженото востание.

Loading