СВИРИ ОД СТРАСТ

Љупчо Колевски, хармоникаш

Virtuoz na harmonika - Ljupco KolevskiЉупчо Колевски е млад надежен хармоникаш, кој неодамна дипломираше на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професорот Зорица Каракутоска. Воведот во професионалните води го направи со концерт, на кој гости му беа  колегите Ѓорѓе Ќириќ, Трајче Гогов и Филип Петрески.

Талентот за музика го наследил од татко му Јован, кој за своја душа тропал на удирачки инструменти. На хармоника засвирил од шестгодишна возраст.

– Од дете е заљубен во хармониката. Таа е инструмент на кој  може да се свири и класична музика. Првите музички образовни чекори ги направив во музичкото училиште, потоа продолжив во средното музичко во Скопје, па на ФМУ – вели Колевски.

Опседнат е со музиката,

– Музиката е мојата иднина. Со страст свирам. Кога ги допирам клавишите се чувствувам убаво, уживам. Омилени композитори ми се Бах, Семјонов, Бетовен, Золотарјов… – раскажува хармоникашот.

Свирел на повеќе од 70 концерти во земјата и во странство. Го одделува настапот со Болоњскиот камерен оркестар. Носител е на повеќе награди и признанија не само во земјата туку и во Србија, БиХ, Италија. Шест години е дел од Триото хармоники со Кириќ и Гогов. Сонува концерти во странство за да го претстави уметничкиот дар, но и родниот град и Македонија.

Loading