ПОСТ ФЕСТУМ – МТФ “ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ”

Nagradite obvrzuvaat za novi umetnicki dostignuvanjaЗаврши уште едно издание на МТФ “Војдан Чернодрински”, 49 по ред. Од 15, десет награди собра претставата ” Вечната куќа” од Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски на МНТ. Претставата е прогласена за најдобра, затоа што, според жирито е силно и моќно театарско уметничко достигнување, која пораките ги пренесува на волшебен начин. Со награда за режија се закити Дејан Пројковски, Искра Ветерова ја доби наградата за улогата на Стела Бенвениста, додека Тони Михајлоски за улогата на Ефрем Поплавски. Авторот на текстот Јордан Плевнеш ја освои наградата за текст, додека Дарја Ризова се здоби со признанието за најдобра млада актерка. Валентин Светозарев се закити со наградата за сценографија, Благој Мицевски за костимографија, Горан Трајковски за музика, додека Сташа Зуровац ја понесе наградата за сценски движења.

Наградата за машка епизодна улога замина во рацете на Андон Јовановски за улогата на Бретшнајдер во претставата “Швејк во Втората светска војна”, на нашиот театар, која се закити и со наградата за рекламен материјал на Владимир Ѓорѓијоски.

Признанието за женска епизодна улога го доби Валентина Грамосли за улогата на Елвестед во ,,Хеда Габлер,, на битолскиот театар, додека за млад актер ја освои Атанас Атанасоски за улогата на Хамлет во истоимената претстава на театарот Комедија. Награда за сценска драматизација доби Викторија Рангелова за драматизацијата на претставата “1984” на Струмичкиот театар.

Догодина е 50-от фестивал. Покровителот, градоначалникот Марјан Ристески, најави многу изненадувања за јубилејот, со многу спектакл.

Loading