ПРВ ФЕСТИВАЛ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМОВИ

Во кино Мис Стон

Прв фестивал на европски филмови” Festival on Wheels” ќе се одржи викендов во киното Мис Стон, почнувајќи од утре од 12 часот па завршувајќи в недела во 20 часот. Ќе се одржат проекции на филмови од различни европски центри, со тематски филмски работилници од отворен тип, како и неделно детско матине со проекција на анимиран филм. Со фестивалот се сака да се поттикне дистрибуцијата на европски филмови  и да се подигне свеста кај граѓаните за овој дел од филмската продукција. Проекцијата на детските анимирани филмови ќе им овозможи забава на најмладите. 

Loading