ИНСТАЛАЦИЈА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ СО МАГИЧНОТО КИЛИМЧЕ”

Во ЦК “Марко Цепенков” интересна изложба од Ана Ивановска

Interesna instalacija na Ivanovska“Ајде да летаме со магичното килимче” е изложбата од уметницата Ана Ивановска, што ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Се работи за интересна инсталација, изработена од сунѓер со големина 7х7 м., која овозможува непосредна интеракција со набљудувачот.

– Геометриска шема на килимот содржи градација на впишан круг во квадрат со симболично значење. Кругот асоцира потполност, единство, совршенство, а квадратот е спротивност на динамичноста на кругот и алудира постојаност, сигурност, рамнотежа, пропроционалност и морални стремежи. Комбинацијата го симболизира единството на земјата и небото, односно душата и телото. Насловот произлегува од магичниот килим на Аладин во арапската бајка “1001 ноќ” и повикува на ослободување на мислата и фантазијата кон едно поинакво доживување на светот, и предизвикува на поинаков начин да ги согледаме нештата – објаснува Ивановска, која  дипломирала на ФЛУ во Скопје во класата на проф. м-р Благоја  Маневски, каде што подоцна и магистрирала. Член е на ДЛУМ и еден од основачите на групата Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т од Скопје. Имала повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство Била на студиски престои во Њујорк, Виена, Париз. Добитник е на наградата млад ликовен уметник во 2008 година.

Loading