Дека кабинетот на таткото на градот секогаш е отворен за сограѓаните и дека градоначалникот Марјан Ристески знае да ги почитува прилепчаните кои постигнале успех и го афирмирале градов, потврди и приемот на Зорица Димоска, која беше победник на Републичката манифестација Вешта жена 2014 во Лешок.
Победничката, во друштво на неколку учеснички на традиционалната манифестација, ги објаснија поривите и упорноста во кулинарството кое се крунисува и со награди.
Отакако Зорица Димоска победи на општинскиот натпревар, со масата насловена Фурна, ја освои титулата највешта жена во Македонија. Таа од градоначалникот Марјан Ристески доби на подарок, икона.