ДУБАРИ НА СОПСТВЕНИК НА ФИРМА И СТЕЧАЕН УПРАВНИК

Прилепската полиција го сомничи З.А. (50) од Прилеп, управител  на фирмата во Микадо-Зоран и неговата фирма за даночно затајување, лажен стечај и фалсификување или уништување деловни книги. Полицијата ја товари и Љ.З. (60) од Прилеп, стечаен управник, за злоупотреба на службена положба и овластување и лажен стечај.

Според МВР, З.А. го отуѓил имотот на фирмата, лажно прикажувајќи дека е неликвидна и поднел предлог за стечај со намера да не плати 262 000 денари ДДВ. Малверзацијата ја направил веднаш по инспекцискиот надзор на УЈП. На 30 декември 2013 година регистрирал нова фирма со иста дејност на име на неговиот син Д.А. Во јануари 2014 година го префлил целиот имот и вработените од фирмата во стечај на фирмата на неговиот син. Стечајниот упавник Љ.З. навела дека должникот подолго време не ја вршел дејноста за која бил основан и дека нема да може да ја врши оти нема имот, што е контрадикторно на фактичката состојба. Со тоа стечајниот управник го довела во заблуда стечајниот судија, кој ја заклучил стечајната постапка, без да се спроведува, овозможувајќи му на пријавениот да избегне плаќање ДДВ од 469.033 денари на штета на буџетот на Македонија.

Loading