ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО СВЕЌАРОСКИ

REVIJALNATA DETSKA SMOTRA SO HUMANITAREN KARAKTERНа иницијатива на Локалната самоуправа и во соработка со основните општински училишта, собраните средства од влезниците за Ревијалната смотра на која  се претставија најуспешните ученици од основните училишта, беа донирани за помош на семејството Свеќароски, на кое неодамна им изгоре куќата во пожар.

На манифестацијата која веќе неколку години има хуманитарен карактер присуствуваше и градоначалникот Марјан Ристески. Изминатите години, собраните парични средства беа уплатувани како донации за градба на црквата “Св. Петка” и за опожарениот манастирски комплекс Трескавец.

Хуманите граѓани уште можат да донираат на семејството на сметката на Гога Свеќароски во Шпаркасе Банка со број 250029000390714.

Loading