Еминоски од СДСМ во ВМРО – ДПМНЕ

Советник во Советот на Општина Прилеп од редовите на коалицијата на СДСМ, Ерџан Еминоски, ја напушти политичката опција со која дојде во Советот и премина во редовите на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата. Според него, го презел овој потег, сметајќи дека со ВМРО-ДПМНЕ повеќе ќе придонесе за развојот на градот.

– Не можам повеќе да се согласам со политиките на СДСМ. Тоа е политика на отпор, бојкот и постојано нанесување на штета на градот. Тоа не е ниту моја желба, ниту желба на граѓаните кои ги застапувам. Кога Прилеп постојано се развива и чекори кон економски напредок, кога постојано се реализираат проекти за доброто на граѓаните, кога постојно се исполнуваат условите потребни за влез во ЕУ и НАТО, не би можел повеќе да бидам дел од политиките што ги води СДСМ, а кои се насочени на свесно уривање на прогресот на градот – изјави советникот Ерџан Еминоски.

Со овој трансфер, коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ ќе има 17, а СДСМ 10 советници.

Loading