ПИПЕРКИ ПОД ПЛАСТЕНИЦИ

УСАИД ги демонстрира и афирмира донациите на пластеници за производство на пиперки кај 12 земјоделци во прилепско. Целта на проектот е да штеди на пари, да го зголеми профитот, двојно да ги зголеми приносите и да се почувствува драстичната разлика со производството на пиперки на отворено.

– Контролираните услови ги редуцираат инсектите, употребата на хемиски средства и ги штитат плодовите од град и невреме. Од пластеник се добива двојно повеќе и поквалитетни пиперки во споредба со одгледуваните под отворено – изјави Емилиа Ѓероска, Центар за развој на Пелагониски плански регион.

– Од пластениците очекувам поголем профит. Имам три декари на отворено. Ќе правам разлика. Ако има повисоки приноси и квалитет, ќе вложам во поголеми површини – вели земјоделецот Дејан Петлески.

Проектот е пилот, зашто во иднина земјоделците ќе можат да црпат пари од европските фондови.

Инвестицијата е 2000 евра за декар покриен со пластеници и воведување на систем капка по капка. Вложувањето се враќа уште првата година, затоа што 90 отсто од пиперките се прва класа, а кои се пласираат на европските пазари како свежи. Остатокот е за домашните преработувачки капацитети.

Досегашните искуства кажуваат дека приносите на отворено се просечно околу 3 тони по декар, а под пластеници се добиваат околу 7 тони по декар. 

Loading