“Бел ден” виде во киното Мис Стон најновото поетско творештво “Евангелие по себе” на непокорниот поет и писател Петар Башески. За избликот на стиховите беседеше Тихомир Стојановски, професор на ФДУ, а стиховите ги рецитираше Александар Ѓуровски, првенец на МНТ.
Башески го подели задоволството за славата на македонската душа.
– Само љубовта кон татковината и кон својот народ се највисоката доблест на секој автор кој го сака родот свој. Во сите мои 17 објавени книги се пее за големината на македонскиот универзален дух – рече Башески.