Ретроспективна изложба на делата од Стеван Васиелски ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Уметникот додека беше жив, се закити со повеќе награди и признанија, меѓу кои септемвриската награда на градот, Орден на трудот со сребрен венец и Орден на трудот со златен венец.
Василески негуваше сопствен стил на уметнички израз преку кои ги пренесуваше визиите за карпите, формите, вегетацијата, Марковите кули, прилепското поднебје… Тој е првиот македонски уметник, член на ДЛУМ, кој самостојно излагал во Солун, во 1974 година.