ГЕНИЈАЛЕН АВТОМАТИЧАР ВО “…РИЧКО”

Tata mata po avtomatika e SirakoskiСо сто поени Ѓорѓи Сиракоски од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” ја освоил првата награда на 33. државен натпревар на електро-технички, машински и сообраќајни училишта од Македонија. На натпреварот му претходел регионален и општински  мегдан.

За “предвременото откривање на дефекти за време на континуирано производство”, Ѓорѓи во категоријата автоматика, заедно со менторот Славица Чесноска изработил студија од 60 страници, видео презентација и флаери. Специфичноста барала постојана посветеност и макотрпно подготвување. Во пресрет им излегле фирмите Микросам и Фото Зрак. На претставувањето на стручниот труд, жирито најмногу се задржало кај Ѓорѓи. Професори од Електромашинскиот факултет од Скопје и од Битола, претставници на министерството за образование, стручнаци од магазинот за автоматика Емитер, останале со неодговорени прашања, и покрај пробивањето на временскиот рок од пет минути за еден проект.

Трудот на Сиракоски се исплатил, зашто ќе зема средношколска стипендија и ќе има подобри шанси за упис на неговиот, веќе одбран електро-технички факултет.   

Loading