ТЕЛЕФОН И ТАБЛЕТИ ЗА ЗНАЕЊЕ СООБРАЌАЈ

Nagradi za soobrakajni pravilaНа државниот натпревар “Детски Семафор”, за основните училишта од  84 натпреварувачи, Прилеп го освои 3. место екипно, а поединечни награди (трето место) добија Наталија Стојаноска и Гоце Стојаноски од ОУ “Гоце Делчев”. Тие беа најдобри и на општинскиот натпревар. Наталија се вратила од Скопје со награда – мобилен телефон, а Гоце добил таблет. Ментор им бил наставникот по техничко, Михајло Велковски.

Во натпреварот за Сообраќајно техничка култура на младите во сообраќајот, за средните училишта, гимназијалецот Мартин Димитриоски го зазел второто место и добил таблет и сребрен медал.

Ментор на гимназијалецот бил Гоце Ѓорѓиоски.

Loading