УНИКАТНА ПОНУДА ОД АРХИТЕКТ И МАЈСТОР

ВИАЛ МЕБЕЛ

Фирмата Виал мебел на новата локација кај поранешната фирма Младост не е ново трговско производствено претпријатие. Корените í се од пред 11 години, кога почнала како семеен бизнис, каде се произведувало мебел во елементи, кој потоа се изложувал во малиот дуќан кај Шаторот. Од неодамна сопственичката Наташа Маркоска, која е и архитект, располага со широко распространет салон за мебел со уникатна понуда за уредување на комплетни станови и домови, почнувајќи од дневни, спални, детски, соби, трпезарии и кујни, па и канцелариски мебел. Разликата од конкуренцијата е во тоа што моделите на понудениот современ и практичен мебел се оригинални, што ги нема на друго место.

– Ориентирани сме да понудуваме единственост, уникатност. Сé што се нуди во салонот, не може да се најде на друго место. Колку за илустрација, и столиците се разликуваат, можеби само во потпирачите, држачите или ногалките. Главно сме препознатливи на вонсериски производи. На други место може да има слично, но исто нема ништо. Оригинални сме по предлозите за уредување на становите по мерка, со дизајни и креации според станбениит простор и вкусовите на муштериите. Тоа значи дека даваме идеи по мерките на просторот, не само за кујни, туку и за останатите соби во домовите. Се нудат најпрактични, најфункционални и најевтини решенија за уредување на домовите со мебел, што потоа, ако им одговараат цените на муштериите, го реализираме со нашите соработници, специјализирани за оваа дејност – вели Маркоска.

Младата сопственичка е задоволна од досегашниот постепен подем на бизнисот. Забележува на нелојалната конкуренција од гаражи, оти тоа е пречка за легалните фирми. Дивите ги уриваат цените и не дозволуваат развој или го успоруваат нагорното движење. Со неколкуте продавачки нудат домашен мебел, од македонски фабрики, а купувачите доаѓаат од Битола, Кичево, Кавадарци, и од населените места. И прилепчани не се лоши муштерии.

Во Виал Мебел се наоѓаат и гарнитуру од бамбус, дрво и пластика за градини и бавчи, но не се ориентирани на овој вид, оти не би сакале да се косат со помоќните, специјализирани претпријатија. 

– Развојот би се движел во насока на производство, оти не само што стручно ги познавам проекциите, мерките, туку сум упатена и во деталите на производството. Пред да завршам архитектура, работев како кројачка, шрафев, лепев кант со пегла, составував делови на мебел. Практично сум поткована со технологијата на производството. Тоа е голема предност во бизнисот што би сакала да го развивам со десетина мајстори – вели Маркоска, која тргнала од пракса, па се надградила со теорија.

Во Виал Мебел се нуди мебел на одложено плаќање со кредитни картички.  

Loading