Заигра оро градоначалникот Марјан Ристески за прославата на Осми април – меѓународниот ден на Ромите во населбата Тризла.
– Се вложува во подобрување на инфраструктурата, во образованието, за да не се маргинализираат Ромите. Се гради и џамија за изразување на верските чувства – рече Сами Ајдини, кој ќе биде советник во новиот состав на советот на Прилеп.
Во населбата Тризла живеат околу 5000 Роми.