РЕВОЛТ НА “МАЈМУНИТЕ”

Серијата слаби резултати ги вознемири приврзаниците на фудбалскиот второлигаш Победа јуниор, кои негодуваа на трибината. Најголем револт е кај навивачите од групата “Мајмуни”. Водачите, почесниот Блаже Димоски – Бибио и актуелниот Крсте Ѓорѓиоски – Буцо најавија енергични мерки. Барањата се за промена на раководните луѓе во клубот, каде е лоцирана вината. Не се бледи само резултатите, туку хаосот во организирањето. Гостувањето кај Локомотива било доведено во прашање, одвај се собрале 11-12 првотимци.

Сепак, повозрасните “борини” порачуваат на мирна разврска и доколку има промени да им се оддаде признание за минатите заслуги на тие што ја водеа Победа.

Loading