ТОНИ ЗАТКОСКИ НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВОГАШТАНИ

Тони Заткоски од ВМРО – ДПМНЕ е новиот градоначалник на Кривогаштани. За Заткоски гласале 2115 гласачи од вкупно над 3500 излезени. ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата го доби и мнозинството во Советот. Шест советници ќе има ВМРО – ДПМНЕ, за кои гласале 1483 гласачи. За СДСМ, кој ќе има три советници, довербата ја дале 924 избирачи. Во Советот на Кривогаштани ќе партиципираат и Пеце Илиоски и Виктор Еременоски предложени од група избирачи, освојувајќи  238, односно 271 гласови.

– Им благодарам на гласачите кои ја препознаа мојата визија за подобро утре на општината и ми ја дадоа поддршката. Ќе реализирам над 70 проекти. Приоритетни се изградбата на индустриската зона во село Славеј (КО Врбјани), изградба на спортска сала во ОУ “Манчу Матак”, изградба на јавен паркинг простор до фудбалско игралиште во Кривогаштани и Обршани, поправка и санација на магистралниот пат Кривогаштани – Бучин – Вашареица, изградба и асфалтирање на улици во сите населени места, изградба на повеќенаменско спортско игралиште – потенцираше Заткоски, по прославувањето на победата.

Loading